| четврток, 6 декември 2018 |

Самарџиски потпиша краткорочен договор со Мега лекс

samar

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски во следниот период ќе настапува за српскиот клуб Мега лекс.
Тој е без ангажман откако не го продолжи договорот со македонскиот шампион МЗТ Скопје и одлучи кариерата да ја продолжи во соседството.
Ваквата информација ја пренесе на твитер неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ кој е еден од најдобрите менаџери во светот.

– Предраг Самарџиски потпиша краткорочен договор со српскиот клуб Мега лекс – потврди менаџерот Мишко Ражњатовиќ на својот твитер-профил.

Мега пред неколку месеци го ангажираше младиот Французин Алфа Каба како засилување за центаррската позиција. Сепак, овој кошаркар поради повреда на коленото ќе мора да отсуствува најмалку шест седмици, а Самарџиски е донесен како негова замена.

Се уште не е обелоденето на колкав временски период е договорот на македонскиот центар со Мега лекс, но се очекува Самарџиски да го мине барем цел месец октомври во новиот клуб, доволно време за докажување во АБА-лигата и за изборување за подолгорочен договор.
Самарџиски по третпат се враќа во Србија откако во минатото ги носеше дресовите на двата лути ривали, Партизан и Црвена Звезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top