| четврток, 6 декември 2018 |

Во следните две недели Хрватска очекува доаѓањето на над 20.000 мигранти

Migrants in FYROM

Хрватскиот министер за здравство Синиша Варга денеска изјави дека во следните две недели Хрватска очекува доаѓање на над 20.000 мигранти, меѓу кои бегалци од земјите погодени од војна на Блискиот Исток.

Во таа насока „треба да создадеме функционален здравствен систем”, рече министерот пред почетокот на денешната владина седница.

Тој истакна дека „ситуацијата сега е задоволителна” во поглед на предизвикот што претставува здравствената состојба на мигрантите кои пристигнуваат.

Мигрантите продолжуваат да пристигнуваат во Хрватска и до моментов, според податоците на полицијата, нивниот број достигна 5650 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top