Унгарски полицајци со пендреци го нападнале и уапсиле новинарот на државната полска телевизија ТВП (TVP), Јацек Тацик, обвинувајќи го дека нелегално ја преминал границата, пренесува „Мондо“.
– Репортерот на полската телевизија TВП беше извлечен од страна на полицијата и уапсен под обвинение дека нелегално ја преминал границата – изјавил почесниот полски конзул во унгарскиот град Сегедин, Карол Бјернацки, кој во средата вечерта присуствувал на сослушувањето на полскиот новинар.
Претходно во една од интервенциите против група на бегалци, која на кордонот фрлала со камења и разни предмети на граничниот премин Хоргош, полицијата со пендреци го нападнала и репортерот на полската телевизија.
– Изгледаше мирно, но одеднаш унгарската полиција тргна кон бегалците, а нѐ тепаше и нас новинарите. Тогаш добив неколку удари – изјавил во вестите на TВП Тацик, на неколку минути пред да биде уапсен.
– Стоевме близу унгарската полиција. Во еден момент изгубив контакт со Јацек. Не знам понатаму што се случуваше, но тој во рацете имаше микрофон и јасно се гледаше дека е новинар – изјавил снимателот од TВП, Павел Ролак.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст