Од вчера до денес во Хрватска влегле 5.650 мигранти, а ноќеска околу 3 часот бранот се засилил.
Според хрватските медиуми, ситуацијата за кратко излегла од контрола околу 3.30 часот кога на полињата границата меѓу Хрватска и Србија се појавиле неколку илјади имигранти кои сакале да влезат во Хрватска. Полицијата не успеала да ги исконтролира, по што улиците во Товарник биле преполни со луѓе.
Мигрантите се примаат на граничниот преми Батина. Дел од нив се наоѓаат на железничката станица во Товарник од каде понатаму организирано со возови и автобуси ќе се упатуваат во центрите за регистрација. Сепак, главното прашање за нив е каде понатаму, особено ако Словенија ја затвори границата, а Унгарија веќе најави дека ќе изгради ѕид на границата со Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.