| четврток, 6 декември 2018 |

Растат депозитите на албанските иселеници

evra2

По неколкугодишното намалување на депозитите на албанските иселеници, кои, главно, престојуваат во Италија и во Грција, поради економската криза во овие земји, во вториот квартал од годинава е забележан е нивни пораст.

Ова го потврдуваат податоците на Централна банка на Албанија, според кои депозитите на иселениците забележале пораст и тоа за 17,6 проценти споредено со истиот период лани.

Поконкретно, во периодот април-јуни депозитите на емигрантите достигнале 162,5 милиони евра, наспроти 138,1 милион евра, колку што изнесувале во истиот период лани.

Во првото полугодие од годинава, пак, албанските емигранти во матичната земја трансферирале 305 милиони евра или 48,5 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

– По повеќегодишен пад на депозитите на емигрантите тие во второто тромесечје од годинава забележале раст, можеби, и поради подобрување на економската состојба во еврозоната – констатира тиранската телевизија Топ-чанел…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top