Стотина бегалци кои синоќа се обида да ја минат границата меѓу Србија и Унгарија ја пробиле жичаната ограда, а унгарската полиција употребила солзавец и водени топови за да ги сопре. Во интервенцијата на полицијата се повредени српски новинари и деца.
Србија ја осуди реакцијата на унгарската полиција истакнувајќи дека тоа е направено на територија на Србија и дека Унгарија нема право да го прави тоа.
При уривањето на оградата на преминот Хоргош 2 настанал вистински хаос. Според неофицијални информиации, повредени се околу 300 луѓе меѓу кои и српскиот министер Александар Вулин.
Унгарската полиција кон бегалците истрелала солзавци, а тие возвратиле со пластични чаши и други предмети. Полицијата потоа употребила водени топови, при што настрадал и српскиот министер.
– Најостро протестирам затоа што тоа е направен преку граничната линија, а тоа ниту една земја нема право да го прави. рекол Вулин.
Од солзавците повредени се и неколку деца, а многу луѓе побарале лекарска помош. Унгарската полиција и претходно отворено се закани дека ќе примени сила ако бегалците се обидат да минат на унгарска територија.
Меѓу повредените се и дел од новинарската екипа на РТС. Повреди претрпела нивната новинарка, снимателот и тонецот, а лекарска помош добиле во Суботица. РТС јави дека унгарските полицајци го фрлиле снимателот на ѕид а потоа го мавале со пендреци по главата и грбот. Притоа уништена му е опремата. Претепан е и тонецот, а новинарката има повредена рака, јави РТС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст