| четврток, 6 декември 2018 |

Литванија ја елиминира Италија за полуфинале со Србија на ЕП

Литванија повторно во драматичен меч ја елиминира Италија на Европско првенство во кошарка, а вечерва во последното четвртфинале „зелената шума“ со 95-85 беше подобра од „аѕурите“.

Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 79-79, а Италија не успеа да го зададе решавачкиот удар во последниот напад за кој имаа 8 секунди. Во дополнителните 5 минути Литванците доминираа и со 16-6 ги добија петте минути за ново полуфинале на ЕП и дерби со Србија.

И во Словенија пред две години имаше сличен расплет, а Литванија победи и ги исфрли Италијанците, иако имаше негатива до самиот финиш на дуелот.

Во второто полуфинале Франција ќе игра со Шпанија.

italija

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top