Репрезентацијата на Србија без пораз се пласира во полуфиналето на Евробаскетот, а нова победа избраниците на Александар Ѓорѓевиќ забележаа попладнево против Чешка со 89-75. Триумфот значи настап во завршницата во битката за медали, а противник на популарните „орли“ ќе биде подорбиот од последното четвртфинале што ќе почне од 21 часот меѓу Италија и Литванија.
Чешка одлично го почна дуелот со фаворитот, поведе со 7 поени разлика, но на крајот без ниту еден период позитива го заврши сонот за медал. Србите стасаа до 21-21 по првиот период, а потоа беа во позитива во сите останати три четвртини.
Ерцег беше најефикасен во победничкиот табор со 20 поени, а Бјелица со 14 поени и 10 скока и Теодосиќ со 12 поени и 14 асистенции забележаа дабл-дабл учинок. Кај Чесите Весели постигна 21 поен, а Саторански стаса до 20 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.