| четврток, 6 декември 2018 |

Нападна екипа на РТС од унгарските полицајци

Унгарските полицајци физички нападнаа новинарска екипа на РТС и ја уништиле нивната опрема, иако знаеле дека станува збор за медиумски работници.

Како што јави Танјуг, нападнати биле новинар, снимател и тон мајстор на српската државна телевизија.

Според новинарот на РТС, полицајците не престанале да ги тепаат иако тие ги предупредиле дека се медиумски работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top