| четврток, 6 декември 2018 |

Во ноември почнува изградбата на патот Дреново-Плетвар

пат

Во ноември ќе почне изградбата на патот Дреново-Плетвар, инвестиција од 42 милиони евра, најави денеска потпретстедателот на владата и министер за финансии Зоран Ставревски при престојот во Прилеп.
– За околу два месеца, во ноември ќе почне изградбата на патот Дреново-Плетвар, онаа најлоша делница што е околу клисурата. Ќе биде изграден пат со по две ленти во двете насоки, инвестиција од 42 милиона евра што ја поддржува Европската банка за обнова и развој. Верувам дека тоа ќе помогне, во голем дел, да се подобрат условите за прилепските стопанственици, но и за граѓаните кои секојдневно го користат тој пат – рече Ставревски.
Министерот за финансии нагласи дека владата останува посветена на поддршката на Прилеп. Не само со овој проект, туку и со други проекти, меѓу кои е и Пречистителната станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top