| четврток, 6 декември 2018 |

Русија засега не планира да гради воена база во Сирија

­ Заменик-началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија, генерал Николај Богадановскиј изјави дека Русија засега нема планови да гради воена база во Сирија, но не исклучи таква можност за во иднина. ­

– Засега нема такви планови, но сѐ е можно во иднина – изјави генералот, коментирајќи ги тврдењата на анонимни американски официјални претставници дека Русија гради воена база во Сирија.

Американски претставници последниве денови во неколку наврати обвинија дека Русија го засилува своето веони присуство во сириската провинција Латакија и дека дури се подготвува да изгради своја воена база таму.

Истите извори тврдеа дека Русија распоредила свои војници, тенкови и артилериски орудија на аеродромот во Латакиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top