Најдобриот чешки кошаркар кој има големо НБА искуство, Јан Весели ќе се биде предводник на својата репрезентација во обидот да направат изненандување во третиот четврфинален натпревар на Европското првенство во кошарка против селекцијата на Србија која важи за голем фаворит не само во овој дуел туку и за осовјување на златниот медал.
Поранешниот кошаркар на Партизан истакна дека е поврзан за Србија, но ќе се обиде да го заборави тоа кога ќе излезе на паркетот во Лил.
– Се чувствувам како Србин. Израснав во Србија и секоја година одам таму. Сè уште сум поврзан за оваа земја. Течно го зборувам јазикот, мојата девојка е Србинка и навивам за српски тимови и спортисти. Едноставно тоа е во моето срце – изјави Весели.
Чешкиот ас ја препушта улогата на фаворит на Србија и додаде дека со мечот против националниот тим ќе му се исполни сонот.
– Откако почнав да играм во Србија сакав да играм против националниот тим и сега тој сон ќе ми се оствари. Секако дека тие се фаворити, но во секој меч ние влегуваме со верба дека можеме да победиме. Ако играме како и досега и се бориме може да приредиме уште едно изненадување – заклучи крилниот центар.
Борбата за пласман во полуфиналето меѓу Чешка и Србија во Лил ќе започне во 18.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.