Во текот на овој месец ќе биде објавен нов оглас за средства за Фондот за иновации, каде ќе се инвестираат трипати повеќе средства од минатата година.
-Скоро заврши стариот оглас преку Фондот за иновации, се доделија средства на 16 компании и тие веќе почнаа да ги користат средствата. Следува овој месец септември нов оглас за нови средства. Претходно беа инвестирани 458.000 евра, сега ќе бидат доделени 1,3 милиони евра. Речиси три пати повеќе од првиот оглас. Дел од средствата ќе бидат искористени за старт ап компании и спин оф компании, околу 300.000 евра. Четиристотини илјади евра ќе одат за трансфер на технологии и останатите 600.000 евра ќе бидат искористени за комерцијализација на иновациите. Дополнително, до крајот на оваа година уште 500.000 евра ќе бидат инвестирани за акцелератори на новите компании, кои имаат иновации добиле поддршка од државата и треба да го забрзаат нивниот раст – изјави Никола Груевски, премиер на Република Македонија.
Во наредните три месеци, како што потенцираше премиерот, ќе бидат инвестирани 1,8 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст