Од скопското кино „Милениум“ најавуваат возбудлива филмска есен. Почнувајќи од утре, секоја следна недела до почетокот на фестивалот Синедејс, репертоарот на киното ќе биде „освежуван“ со по две премиерни филмски продукции.
Станува збор за најновиот светски хит „Транспортер: Дополнет“ и анимираниот „Смотанко и трапавко: Невозможна мисија“.
„Транспортер: Дополнет“ е на репертоарот на кино „Милениум“ од четврток (17 септември) во терминот од 20 часот. Филмот е во режија на Камил Деламаре, а во главните улоги се Ед Скреин, Реј Стивенсон, Габриела Рајт.
„Смотанко и Трапавко: Невозможна мисија“ е анимиран филм од шпанската филмска продукција. Режијата е на Хавиер Фесер, а главните улоги ги толкуваат Кара Елехалде, Џанфри Топера, Габриел Чаме. Филмот е синхронизиран на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст