Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила на булеварот „Борис Трајковски“, поранешна „Првомајска“.
Според информациите на Курир, во несреќата тешко повреден е 36 годишен скопјанец. Истата се случила при судир на мотоцикл кој го управувал сега повредениот и автомобил „фиат“ управуван од Н.Н. (36).
Со возило на Брза помош, повредениот мотоциклист И.Ѓ. бил пренесен во Ургентниот центар каде му биле констатирани тешки повреди.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.