| четврток, 6 декември 2018 |

„Прометеј“ на Турски театар Скопје на програмата на „Стоби 2015“

Во рамки на 14. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2015“ вечер на сцената на Велешкиот театар ќе настапи Турскиот театар од Скопје со претставата „Прометеј“, во режија на Дејан Пројковски.

Сценографијата е на Владо Ѓорески-Рафик, костимографијата на Благоја Мицевски, а музиката на Горан Трајковски. Во претставата играат актерите Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге, Неат Али, Осман Али и Аксел Мехмет. Во хорот настапуваат студенти по актерска игра во класата на Дејан Пројковски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје.

Претставата е четврта од седумте во конкуренција за една од наградите на фестивалот кој ќе трае до 22 септември: гран при за најдобра претстава, за најдобра режија и за најдобра машка и женска улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top