На годинашното издание на Модната недела во Њујорк на пистата прошета девојка со Даунов синдром. На ревијата на „ФТЛ мода“ се појавија манекенки со различна инвалидност токму заради подигнување на свеста за различните форми на убавина на човечкото тело.
Една девојка меѓу нив посебно се истакна – 18-годишната Меделин Стјуарт, првата возрасна манекенка со Даунов синдром.
Меделин има голем број пријатели, следбеници и овожаватели на социјалните мрежи. Се појави во неколку различни комбинации и беше прифатена со одушевување.
Модната индустрија константно се бори се проблемот дека не е отворена за нови работи. Дизајнерите постојано се цел на критичарите бидејќи на своите ревии не одбираат модели што имаат различен облик на телото, припаѓаат на други раси, ентитети. Но, оваа ревија на „ФТЛ мода“ го докажа спротивното.
Меделин не е прва личност со Даунов синдром што се појавила на пистите во Њујорк, бидејќи актерктата Џеми Бривер, позната по серијата „Американска хорор-приказна“, исто така, се појави на модната недела пред неколку сезони. Но, Меделин е првата професионална манекенка со Даунов синдром што се појавила на модната писта на Модната недела во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст