Џејн Хенсон која ги измисли жабата Кермит и Мис Пиги, популарните ликови од „Мапет шоу“ почина по долгата битка со ракот, на 78 години.
Освен Кермит и Мис Пиги, таа дизајнираше уште неколку ликови во популарното шоу и на својот сопруг Џим му помогна во развивањето на многу други ликови и кукли од шоуто со кое пораснаа многу генерации.
Хенсон е родена во 1923 година во Њујорк, а почина во нејзиниот дом во Конетикат.
Таа и Џим, креаторот на мапетите се запознале во 1950 година на факултет. Имаат пет деца кои ја наследија компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.