| четврток, 6 декември 2018 |

„Некст тајм“ бесни на Боки 13: Никаде го нема!

boki 13

Стефан и Мартин Филиповски неодамна настапија на фестивалот „Белград колинг“, но не како „Некст тајм“. Стефан беше гостин на настапот на хевиметал групата „Стил темпл“, во која со години свири неговиот постар брат Филип.

Тој вели дека ова е првпат да настапува надвор од земјата, бидејќи тој што треба да им средува настапи никаде го нема.

Брат ми долги години е дел од оваа хевиметал група, ме поканија да настапам со нив и јас со задоволство ја прифатив поканата. Благодарение на брат ми настапив надвор од земјава. Тој што треба да ни средува вакви ангажмани, го нема никаде – вели Стефан за „Вечер“

Дуото „Некст тајм“ од минатата година е дел од продукцијата на Боки 13 и Марина Туцаковиќ, кои се грижат за нивната кариера. Тие ја издадоа преработката на старата македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“ и планираа регионална кариера токму со помошта на Јовановски и Туцаковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top