Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Црна Гора денеска во Подгорица заедно со својот домаќин, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум на кој ќе учествуваат претставници на околу 45 компании од двете земји.
Целта на форумот е да се претстават можностите за инвестирање во Македонија и јакнење на економската соработка, која поради лошата инфраструктурна поврзаност не е на високо ниво, како што е политичката соработка меѓу Македонија и Црна Гора.
На бизнис-форумот ќе учествува и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и претставник од претприемаштвото што е во согласност со програмата на претседателот Иванов – во составот на официјалната делегација на РМ во странство да има млади претприемачи од мали и средни бизниси кои се иновативни и нудат квалитетни производи и услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани