| четврток, 6 декември 2018 |

Колку пари треба за да се запрат Заев и Шекеринска

liderska-zaev-3

Полека станува јасно зошто членовите на СДСМ со незаконски стекнати и преработувани телефонски разговори, со приватни разговори на луѓе од владата и нивни соговорници, сака да создаде афера и функционерите на СДСМ да заработат политички профит за себе и за партијата. Едно е да објавуваш, а и тоа незаконски, туѓи приватни телефонски разговори кои се необврзувачки и какви што има секој човек во својата комуникација, а и тие преработувани пред објавувањето, а друго е против некого да се има законска видеоснимка, па дури и да се води меѓународна истрага за корупција тешка 20 милиони долари.

sekerinska

Врвот на СДСМ, и поранешниот, а особено сегашниот предводен од Зоран Заев и Радмила Шекеринска, е со децении потонат во криминал и во корупција, и тоа е една од главните причини зошто постојано губат на избори, освен немањето програма, кадри и историја во која СДСМ никогаш не покачил пензии или плати, не изградил ништо и достигнал рекордна невработеност од 37 проценти наспроти сегашните 25 проценти невработени.

И во 2002 година, кога последен пат победија на изборите, тоа се случи откако ја урнаа владата и ја подриваа одбраната на Македонија во 2001 година, а потоа победија со директна и нескриена странска интервенција. Крајот и резултатот на таа власт е познат.

Зоран Заев, локален олигарх од Струмица, сите свои години во врвот на политиката ги има поминато со корупциски афери и судски постапки против него за корупција.

Еднаш во август 2008 тогашниот претседател Бранко Црвенковски го спаси Зоран Заев од затвор со аболиција за обвинение според кое Заев украл 8 милиони евра општински пари.
Сега, во 2015 година, Брисел и амбасадорите на САД и Европската унија повторно го спасуваат Зоран Заев од судска постапка по обвинение за поткуп од 200.000 евра, корупција снимена и на камера, во легална судска постапка.

crvenkovski

Како што ја спасуваат и Радмила Шекеринска. Еднаш дипломатите ја спасуваа од суд за крајно сомнителниот корупциски договор со „Мајкрософт“ вреден преку 3 милиони долари, кој го работеа заедно со Јани Макрадули.

Во октомври 2006 година Министерството за внатрешни работи поднесе извештај до јавното обвинителство  со предлог за постапување заради договор со „Мајкрософт“ што во 2003 година го потпишала тогашната вицепремиерка Радмила Шекеринска, и со кој на „Мајкрософт“ му се платени околу 3,5 милиони долари наместо 1,2 милиони долари колку што требало, и за што свое противење на одлуката на Шекеринска изразил и тогашниот гувернер Петар Гошев. Според истрагата на МВР, Шекеринска го оштетила државниот буџет за 1,5 милиони евра, или преку 2 милиони тогашни долари.

Наместо да почне постапка, обвинителството под притисок на тогашниот претседател Црвенковски и дипломатите, ја запира постапката. По Заев, дипломатите ја спасија и Шекеринска, а парите кои беа проневерени, преку 10 милиони евра, ги снема засекогаш.

Но, навиката да се посегнува по државни пари, да затајува данок, и да врши корупција останаа и понатаму како кај Шекеринска и Заев, така и кај Бучковски у други од врвот на СДСМ.

Доказ за тоа е аферата „Телеком“.

За разлика од домашните случаи, аферата „Телеком“ ја тераат американската финансиска полиција и американските судови, па тука амбасадорите на САД и Европската унија немаат влијание да го заташкаат и да го сокријат случајот, и да го спасуваат СДСМ.

Врз основа на објавени документи од истрага на американските државни и судски органи објавени во македонските медиуми – деновиве го дознаваме следното:

Во текот на 2005 и 2006 година Владата на СДСМ предводена од Владо Бучковски и Радмила Шекеринска и други лица земала мито, или извршила крупна корупција, во износ од најмалку 8 милиони евра за да му се обезбеди на „Телеком“ монопол во фиксната телефонија и доминантна положба во мобилната телефонија – да не се дозволи влез на втор фиксен и трет мобилен оператор кој би ги намалил цените на „Телеком“.

За таа цел, „Телеком“ подготвил и законски материјали кои му гарантираат доминација и екстрапрофит и ги доставил до Радмила Шекеринска. Од друга страна, претставници на владата на СДСМ на чело со тогашниот премиер Бучковски, добиле од „Телеком“ и негови партнери најмалку 8 милиони евра награда во кеш.

sekerinska

Владата на СДСМ, иако имаше препораки од Европската унија како и законска обврска, никогаш не дозволи влез на втор фиксен и на трет мобилен оператор, му обезбеди на „Телеком“ незаконски екстрапрофит а според американските судски и истражни органи за таа цел меѓу себе поделиле најмалку 8 милиони евра мито.

За да си ги земат парите функционерите во владата на СДСМ, ние со години сме плаќале незаконски скапи импулси на мобилни и фиксни телефони од своите џебови, со што владата на СДСМ парите ги украла од нас. Дури потоа, откако власта ја презема ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, добивме втор фиксен и мобилен оператор, а цената на импулси радикално падна.

Да ги видиме бројките:

Во 2006 година „Телеком“, благодарејќи на митото кое го примила владата на СДСМ во таа 2006 година – имале 67 проценти од пазарот,а вториот мобилен оператор „Космофон“ околу 33 проценти.

По воведувањето на третиот мобилен оператор ВИП, денес во 2015 година „Телеком“ има околу 47 проценти од пазарот.

Кога владата на СДСМ, предводена од Бучковски и од Шекеринска примила 8 милиони евра поткуп во 2006 година и гарантирала доминација на „Телеком“, ние сме плаќале импулс на мобилен 17,3 денари. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Груевски станаа власт и воведоа трет мобилен оператор и контрола врз мобилните оператори, денес ние плаќаме просечна цена на импулс за мобилен од само 2 денари по минута, или речиси 90 проценти помалку.

Или, накусо, ние од наш џеб сме го платиле митото од најмалку 8 милиони евра кои ги примиле функционери во владата на СДСМ за да се задржи високата цена на импулс и создаде екстрапрофит за „Телеком“ и „Космофон“.

Дали по ова има дилеми за петте семејни стана на Радмила Шекеринска, нејзината скапа гардероба и уште поскапи шетања и одмори низ светот? Или за навиките за корупција на Зоран Заев, Бучковски и други функционери на СДСМ кои се вмешани во аферата, а двајца од нив се активисти и во проекти на фондацијата Сорос.

Кога беше Црвенковски функционер, украдоа две пензии на пензионерите, околу 100 милиони евра од ТАТ, ги избркаа странските инвеститори за да не им пречат на нивните домашни олигарси, и поминаа неказнето.

Кога дојде Бучковски и Шекеринска, се случија јавните набавки во Министерството за одбрана и аферите Мајкрософт и Телеком. Кога дојде Зоран Заев, се случи корупцијата од 8 милиони евра со Глобал и најновата со прислушувањето и мито до 200.000 евра, и повторно поминаа некането. Казни нема заради заштита од дипломатите кои во мала земја како Македонија се однесуваат сосема спротивно од правилата во нивните држави.

Сега истите дипломати сакаат повторно да ги заштитат СДСМ, Заев, Шекеринска и да му помогнат на СДСМ да има добра позиција пред изборите. Но, деветпати досега граѓаните на избори го поразија СДСМ и покажаа дека Македонија е нивна, а не дипломатска држава и дека немаат намера и понатаму од свој џеб да ја плаќаат корупцијата на СДСМ.

По сѐ, еве ги повторно Заев, Шекеринска и нивниот тим кои бараат власт и амнестија.

 Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top