| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалците по нова маршрута до целта: Србија го пренасочува бранот кон Хрватска

hrvatska granicaПрвиот автобус со бегалци од Сирија, Авганистан, Пакистан, Ирак и Мавританија стигнал на автобуската станица во Шид утрово во 4.30 часот, јавуваат хрватските медиуми. Во него имало 70 бегалци целосно збунети и несвесни каде понатаму. Според зборовите на еден од нив, возачот на автобусот речиси со рели возење од Прешево ги довезол за неверојатни шест часа, што значи во просек возел 120 км на час.

Како што јавува телевизијата Н1, пред доаѓањето до границата неколку бегалци избегале во полето и преку нивите стигнале во Товарник.

– Чекавме во Прешево и не знаевме што да правиме затоа што до нас стигнаа информации дека е затворена границата со Унгарија. Одеднаш од сите автобуси исчезнаа таблите со натписи Суботица и Канижа, и се појавија нови со Шид. Само ни рекоа да се качиме во тие автобуси и дека границата со Хрватска е отворена. Ние седнавме во третиот автобус, но како што гледам, први стигнавме во Шид, раскажува Џихад од Сирија за „24 сата.хр“ кој на пат од Дамаск тргнал со четири деца, од кои најмалиот Адам има само шест месеци. Тој немал идеја што и каде понатаму затоа што е практично во првата група бегалци која организирано треба да стигне до Хрватска.

Откако одмориле половина час на автобуската станица во Шид, активисти на локалниот Црвен крст ги собрале сите бегалци во група и пеш ги упатиле кон индустриската зона Вашариште на излезот од градот, пет километри од граничниот премин Товарник. Но, бегалците и таму не биле сместени, па групата била пренасочени да се движи по спореден пат од главната сообраќајница. Хрватските медиуми јавуваат дека засега никој не знае каде одат овие луѓе и каде ќе ја преминат границата со Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top