| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците едногласно ја избраа Катица Јанева за специјална обвинителка

Со 108 гласа „за“ пратениците вечерва едногласно ја избраа Катица Јанева да биде специјален обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

katica_janeva13-401x400

Вечерва за Јанева во македонскиот парламент гласаа 108, а беа присутни 111 пратеници. На семафорот немаше воздржани или гласови против.

Нејзиниот избор треба да го изврши Советот на јавни обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top