| четврток, 6 декември 2018 |

Се повеќе Арапи купуваат имоти во Сараево

Туристичките компании и други служби во БиХ регистрирале значително зголемување на бројот на туристи од арапските земји и голем интерес за купување имоти од страна на Арапи.

saraevo

Посебно очевидно е се поголемото присуство на Арапи во главниот град Сараево, кои се воодушевени од градот и воопшто од државата и планираат да си купат куќа во земјата, јавува Дојче Веле.

Во БиХ главно доаѓаат Арапи од Персискиот Залив, некои се оженети со Босанки, а според еден Арап, 90 отсто од нив пристигнуваат во земјата „поради прекрасната природа и чистиот воздух“.

Има многу заинтересирани Арапи за купување недвижен имот во БиХ, посебно во околината на Сараево, а тие се подготвени да инвестираат многу пари. Многу куќи и вили во Сараево веќе се во сопственост на Арапи, но според податоците на агенциите, Арапите купуваат главно куќи и имоти во реонот на главниот град, кои се сопственост на босански Срби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top