Огромниот број бегалци кои оваа година влегоа во Германија значително влијаат на расположението на германските гласачи и доколку бегалската криза наскоро не запре може да има сериозни последици врз резултатите од редовните федерални парламентарни избори што треба да се одржат во 2017 година.
Најголема корист од развојот на настаните поврзани со бегалците засега има партијата Алтернатива за Германија (АФД) која дојде до својот највисок рејтинг во последниве четири месеци. Десничарската партија составена и од „одметници“ од Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, која се залага за конзервативен пристап при решавање на имиграциските трендови, во моментов има 5,5 проценти поддршка од граѓаните.
Според истражувањето на агенцијата ИНСА чии делови објавува весникот „Билд“, германската крајна десница има пораст од 2,5 проценти за само два месеци, а најмногу, 1,5 отсто, изгубила владејачката ЦДУ која сега им рејтинг од 40 процнети и се уште е убедливо најмоќна политичка сила пред социјалдемократите (СПД), кои имаат поддршка од околу 24 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


