| четврток, 6 декември 2018 |

Цените за роаминг ќе се изедначат секаде во Европа

Откако во Септември, минатата година, АЕК доби позитивно мислење за иницијативата за изедначување на роаминг цените за граѓаните на Р. Македонија, стручен тим предводен од Директорот на АЕК, г. Роберт Орданоски, продолжи напорно да работи на унапредување на препораките, соработка со државните и меѓународни институции, се со цел финално уважување на оваа иницијатива и конечно намалување на роаминг цените

аек лого

На тој начин граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност да ги користат
придобивките на единствениот европски пазар иако сѐ уште Македонија не е
членка на Европска унија.

Владата на Република Македонија донесе заклучок за почнување преговори,
со што ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за
информатичко општество и администрација да се вклучат во преговорите заедно
со Агенцијата за електронски комуникации со цел создавање правна рамка за
реализација на оваа иницијатива.

Во исто време, Владите на Република Србија и Република Црна Гора ја прифатија оваа
иницијатива со што се договара заеднички став во текот на преговорите со Европска
комисија по однос на оваа активност. Агенцијата за електронски комуникации и
Министерството за надворешни работи веќе работат на текстот на предлогот за
заеднички настап на трите држави.

Во рамки на оваа активност веќе е закажан состанок помеѓу министерот за
информатичко општество и администрација, г-н Иво Ивановски, директорот на
Агенцијата за електронски комуникации, г-н Роберт Орданоски, и генералниот
директор на Директоратот за комуникациски мрежи, соджини и технологии, г-
н Роберт Медлин на 12 април 2013 година во Брисел, Белгија.

На овој состанок треба да се разговара за правните инструменти и решенија со кои ќе се овозможи
имплементација на иницијативата за намалување на цените за роаминг со
земјите од Европска унија.

– Верувам дека во соработка со Владата на Република Македонија, во координиран
настап со Република Србија и Република Црна Гора, ќе успееме да постигнеме
договор со Европската комисија, а со тоа и прифаќање на оваа иницијатива, која ќе
овозможи пониски цени за услугите кои се нудат во роаминг со државите-членки на
Европска унија, со што ќе имаат придобивка граѓаните на Република Македонија
како крајни корисници на електронските комуникациски услуги – изјави г. Роберт
Орданоски, директор на АЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top