| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа има – научниците измислиле чоколадо кое ги „пегла“ брчките

За да имате убава, негувана и затегната кожа, повеќе не морате само да ја третирате со креми, туку можете да ја подмладите и однатре. Британските научници направиле чоколадо против стареење кое дури може и да ги „испегла“ брчките.

цоко

Ова чоколадо ја подобрува циркулацијата и така го забавува настанувањето на брчките. Истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на 10 грама од ова чоколадо ја менува структурата во различни слоеви на кожата толку што се постигнува ефект на подмладување за 10 години.

Чоколадото го направиле стручњаците од универзитетот „Кембриџ“ кои тврдат дека една коцка од 7,5 содржи толку антиоксиданси колку и филе од лосос од Алјаска и исто толку полифеноли кои делотворно помагаат во борбата против слободните радикали, колку што инаку има во 100 грама црно чоколадо.

Испитувањата траеле четири недели, а учесниците секој ден морале да изедат  по една коцка од чоколадото. Докажано е дека тоа им ја подобрило циркулацијата и делувало превентивно врз процесот на настанување на брчките.

Инаку, коцка од чоколадото содржи само 38 калории, па можат да ја јадат и дијабетичари. Ќе се продава во луксузно пакување, секоја коцка ќе биде спакувана посебно, а во кутијата ќе има количина за три недели. Чоколадото би требало да се појави на пазарот наскоро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top