За пет часа петмина скопјани се онесвестиле поради топлото време. Паднале додека се движеле по улица или чекале ред во банка и пошта. Граѓаните биле на различна возраст.
Немале соодветна облека за временските услови и не пиеле течности. На лице место интервенирале екипи на Брза Помош.
Според најавите од УХМР од денеска до петок ќе има топло време и температури несоодветни за овој период од годината. Лекарите велат дека драстичните температурни разлики овој месец влијаат на здравјето и апелираат за почитување на препораките.
-Според најавите во петок може да имаме и жолта фаза во дел од државатата. Секако дека мора да се почитуваат препораките да не се излегува без потреба бидејќи овие температурни разлики може да наштетат – вели Јованка Костовска од Министерство за здравство
Освен хронично болните и лицата со висок крве притисок, лекарите велат дека овие температурни разлики им прават проблеми и на метеопатите кои симптомите ги добиваат ден два пред промена на времето.
Утре ќе биде потопло од денеска, а најтопло ќе биде во петок со температури до 35 степени. Заладување ќе има од викендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



