| четврток, 6 декември 2018 |

Домашен крем од лимон против настинки

limon

Овој рецепт од народната медицина се покажал како доста ефикасен а се приготвува лесно и брзо, за само 6 минути!

Потребни состојки:

1 цел лимон (непрскан)

100 г путер

2-3 лажици мед

Постапка:

1.Земете еден цел лимон и ставете го зовриена вода да отстои во неа 5 минути.

2.Потоа, извадете го, исечете го на коцки и извадете ги семките.

3.Лимонот ставете го во блендер, или смелете го во машина за мелење месо.

4.Додадете 100 г путер и 2-3 лажици мед.

 

Употреба:

Наутро и навечер изедете по една полна лажица од оваа смеса, или како намаз намачкајте на парче леб. Лекот можете да го збогатите и со рендано лукче.

Извор: нмд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top