Во поплави во западната американска сојузна држава Јута животот го загубија најмалку седум лица, а уште шест се водат како исчезнати, јави денеска Еј-Би-Си-њуз, пренесе МИА.
Одделот за управување со вонредни ситуации на американската сојузна држава Јута објави дека поплавите го зафатиле градот Хајлдел на границата со Аризона.
Во поплавите животот го загубија најмалку седум лица и уште шест се водат како исчезнати, јавија локалните власти.
Екипите за потрага и спасување ја откажаа потрагата доцна во ноќта поради опасните услови во поплавените зони.
Поплавите беа предизвикани по поројните дождови во кањоните северно од градот, што предизвика бран вода на улиците на Хајлдел, град со околу 7,700 жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.