| четврток, 6 декември 2018 |

Kаква музика да слушате кога работите?

Музиката на работа понекогаш може да смета на колегите, но ако има слушалки, може да се реши проблемот и да станете побрзи и поефикасни во работата.

Во едно интересно истражување испитаниците пет дена по рад добивале серија различни задачи кои морале да ги извршат, од проверка на граматика и математички проблеми до внесување податоци и комплицирани анализи.

Се покажа дека дури 88 отсто од испитаниците работеле поточно, повнимателно и поефикасно со музичка подлога, а 81 отсто од испитаниците работеле и побрзо.

Препораката од експертите е едноставна – следниот пат кога одите на работа слободно уживајте во вашата омилена музика, а еве која музика би требало да ја слушате според работата која ја работите:

Внесување податоци – поп музика

Работа со бројки – амбиентална музика за работа со броеви

Решавање на проблеми – денс музика

Работа со многу детали – класична музика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top