Наспроти долгиот говор на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во кој пред европарламентарците апелираше на бегалците да се гледа како на луѓе, а не на бројки, потсетувајќи дека и самата историја на Европа е историја на миграции и бегалци (вклучувајќи го и бегањето на Унгарци во Австрија по сломот на револуцијата во 1956 година и бегањето на Чехословаци по сломот на Париската пролет), не изгледа дека земјите поради кои Јункер истапи барем малку го промениле мислењето.
Лидерите на земјите на поранешниот источен блок, но и десницата во Данска, Франција и Холандија, се против системот на квотите за распределба на бегалците од најпогодените земји како Италија, Грција и Унгарија, како и на утврдувањето на постојан механизам за распоредување на бегалци по Европа. За да почне да се спроведува планот на ЕУ за сместување на вкупно 160.000 бегалци од земји кои се сметаат за небезбедни за живот, потребно е зелено светло од Европскиот совет кој го сочинуваат лидерите на ЕУ.
Без оглед на апелите на Јункер на хуманост, на унгарската полиција дадени се овластувања на граница да користат гумени куршуми, а бегалците кои ќе ја поминат границата присилно да се задржуваат во прифатни центри. Унгарскиот Хјуман Рајтс Воч во петокот укажа на нечовечките услови во двата центра на унгарско-српската граница, каде бегалците се носат за регистрација. Таму нема доволно место за соодветно сместување, бегалците не добиваат храна која може да се јаде ниту вода за пиење. Хјуман Рајтс и во тоа соопштение укажува на кршење на многу меѓународни правила за третирање на бегалци.
Виктор Орбан на светската сцена стапи со жесток говор во кој повикуваше на промени неколку месеци пред падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Првата дупка во Ѕидот ја проби токму Унгарија, со сечење на границата со Австрија, а потоа следеше масовно бегање на Германците од Источна Германија преку Унгарија до Западна Германија. Тоа беше прво тркало кое доведе до рушење на Берлинскиот ѕид. По 25 години подоцна Орбан е тој кој повторно крева ѕидови кои треба да ја одбранат христијанската цивилизација. Орбан тоа го прави од внатрешно политички причини. Се плаши за Јобик и сака да ги придобие нејзините гласачи. Орбан пред се е прагматичен политичар и не го интересираат никакви вредности, го интересира само како да остане на власт. Не очекувам никакви промени на подобро во догледна иднина – резигниран е Сандор Ледеред, основач на невладината организација К-монитор, која се бави со борба против корупцијата во унгарското општество. Ледерер ја поставува истата теза која веќе ја слушнавме од многу унгарски интелектуалци кои се против политиката на Орбан.
– Најголемиот проблем е што левата опозиција е слаба и фрагментирана, па граѓаните можат во иднина да гласаат за Орбан како помало зло, отколку за десничарската Јобик – вели тој, потенцирајќи дека премиерот и самиот има одговорност за таквиот раст на Јобик бидејќи толерираше десничарски испади и намерно го јакнеше национализмот и ксенофобијата во земјата. Орбан, вели нема да ја промени политиката. Единствено што може да го натера да се замисли е ако му се скратат европските фондови – вели тој.
Дали Орбан е вистински националист или само го користи национализмот за да опстане на власт, всушност не е важно, толкува професорката Данијела Доленец од Факултетот за политички науки во Загреб.
– За нас всушност не е важно кои се мотивите на Орбан, сметајќи дека ефектите од неговата политика се еднакво деструктивни без оглед на тоа дали тој е националист или опортунист. Неговата дискриминаторска реторика и односот кон бегалците во дел произлегуваат од политиката со која тој ги добива изборите од 2010 година, а која се темели на авторитарен национализам. Националистичката реторика бара непријатели, надворешни и внатрешни закани, па во таа смисла наглата појава на бројот на странци на територијата на Унгарија силно ги амплифицира стравовите кои таму се подгреваат веќе со години – вели Доленец.
Дали Орбан ќе го стигнат какви било санкции од Европа?
Овие денови либералната групација АЛДЕ излезе со иницијатива да се воспостави механизам со кој постојано ќе се мери состојбата на демократијата и почитувањето на човековите права во земјите членки и откако влегле во ЕУ. Имено, излегува дека критериумите се тешки додека земјата се стреми да влезе во ЕУ, но наеднаш откако е во Унијата, се станува внатрешно прашање, а одлуките на ЕК лесно можат да се бојкотираат. Не добиваат поддршка од луѓе што не размислуваат за отфрлување на Орбан. Можеби и затоа што политиката на Орбан не е осамен случај во Европа.
– Очите се вперени во Унгарија бидејќи таму состојбата ексалира, бидејќи се работи за граница на Шенген зоната и влез на голем број на луѓе за кратко време. Но и Данска, каде од оваа пролет на власт е коалиција која ја вклучува анти-имигрантската Данска народна партија, се однесува многу слично. И таму луѓето пешки одат покрај автопатиштата на пат за Шведска, бегаат од железничките станици од полицијата, тие кои се фатени се депортирани – вели Доленед, со заклучокот: – Веќе некое време евидентно е дека ЕУ не е политичка заедница. Хетерогените притисоци и сојузи меѓу земјите членки доминираат со агендата, така да не мислам дека е можно воведување на механизам кој би го вградиле наводните осигурувачи против демократската регресија на европско ниво.
Дали под влијание на Германија сепак ќе дојде до некаков позитивен пресврт во Европа?
Данијела Доленц одговара: – Германија со своето добредојде кон бегалците преку ноќ направи фантастичен фејс-лифт на својот нарушен имиџ, кој изминатите години беше се полош, пред се благодарение на кризата на еврозоната и односот кон Грција. Дали со оваа одлука ги покрија економските, демографските и разни други митови, можеме да погодуваме, но за иднината на европската политика на миграциите, ставот на Германија е секако клучен. Фактот дека Германија го занемари Даблинскиот пропис кој од бегалците бара да бараат азил во првата европска земја во која ќе стигнат, значи дека е можно и на европско ниво да се дојде до ревизија на тој пропис.
Но, тука би предупредила на уште една динамика, изразена во известувањата за бегалската криза. Медиумите по правило прикажуваат многу еснецијалистичка слика на некои земји членки, поедноставен црно-бел свет во кој Германците и Австријците се добри, а Унгарците и Словаците зли, обновувајќи го ориенталистичкиот дискурс за развиениот Запад и назадниот Исток. Наместо тоа, сметам дека многу сме поблиску до стварноста ако предупредиме на фактот дека земјите членки на ЕУ ги водат влади со различни политички мотиви, а потоа и за реакциите на кризата.
Во сите земји се случуваат ксенофобични испади, десничарски демонстрации и притисоци, а истовремено и спонтано собирање и волонтирање на широк спектар на граѓаните, организации и јавноста околу помагање на бегалците и заговарање на промени на државната и европската политика кон ова прашање.
Тоа еднакво е вистина за Унгарија како и за Германија.
Т-портал – Загреб
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст