| четврток, 6 декември 2018 |

Бананите го подобруваат расположението и ги уништуваат клетките на туморите!

banana-smothie-flickr
Бананите се чудотворно овошје кое најчесто на сите им се допаѓа, без оглед на годините или кој било друг критериум, а најмногу ги сакаат спортистите. Својата популарност му ја должат не само на својот вкус, туку и на целата низа здравствени благодати што му ги овозможуваат на организмот.
Просечна банана има околу 110 калории, богата е со калиум, манган, витамини Б6 и Ц, како и со влакна. Не содржи холестерол и маснотии, а изматена со миксер можете да ја користите како замена за нездравиот путер.

Покрај сето ова, докажано е дека е помудро да се изеде банана наместо кој било благ енергетски пијалок. Имено, бананата подобро влијае врз уделот на допамин од енергетските напитоци, но и го задржува на високо ниво и еден час по консумацијата. Допаминот е неутротрансмитер кој директно влијае врз нашето расположение.

И тоа не е сѐ. Според едно јапонско истражување објавено во 2013 година, бананите кои на кората имаат дамки, произведуваат TNF- фактор кој ги уништува клетките на туморите. Значи, колку што e кората потемна и прекриена со темни дамки, толку се посилни антиканцерогените вредности на бананата.

По бурна ноќ и некоја чашка повеќе, бананата ќе ви биде и одличен сојузник во решавањето на мамурлакот. За тоа е заслужен калиумот, а лекарите препорачуваат една банана да изедете пред спиење, а друга по будењето. На овој начин значително ќе го намалите мамурлакот.

Лекарите и нутриционистите препорачуваат секојдневна консумација на една банана за подобро здравје и за имунитет, а тоа сигурно добро ќе ви дојде во борба со настинките и со вирусите што нѐ очекуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top