| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески биолошки часовник: Еве како се препознаваат проблемите со телото

Кинескиот биолошки часовник покажува интервали по кои енергијата циркулира низ делови на нашето тело, а на секои два часа во денот најсилно е во одреден дел.

Кинесиот биолошки часовник е древна мудрост која ги покажува интервалите во кои енергијата циркулира низ нашето тело. На секои два часа во денот е најсилна во одреден дел на телото, па на тој начин можеме да ги препознаеме проблемите.

Тогаш функциите на тој дел на телото се најдобри и ако постои некој проблем, симптомите во тој период ќе бидат најизразени.

Првото нешто што лекарот на кинеската медицина ќе го праша пациентот е во кој дел од денот се појавуваат симптомите на некоја болест или нарушување во телото.

Според тоа, лекарот ќе знае во кој дел од телото е проблемот, односно каде енергијата циркулира потешко или каде има премногу енергија, што исто така, не е добро.

Добро е да се следи биолошкиот часовник и да се запишува во кое време од денот се појавуваат проблеми, на пр. замор, болки и друго.

Исто така, добро е да се забележува и времето кога најмногу има енергија и кога се будите во текот на ноќта, затоа што и тоа укажува на проблеми со одреден дел од телото.

Време на најсилните функции на организмот (12 часа подоцна функција е на најниско ниво):

5 до 7 часот – дебелото црево

7 до 9 часот – желудникот

11 до 13 часот – срце

13 до 15 часот – тенко црево

15 до 17 часот – мочен меур

17 до 19 часот – бубрези

19 до 21 часот – срцева обвивка

21 до 23 часот – троен грејач (терморегулација)

23 до 1 часот – жолчно ќесе

1 до 3 часот – црн дроб

3 до 5 часот – бели дробови

Во времето кога еден орган е на врвот на својата енергија, оној на спротивната страна на билошкиот часовник (12 часа разлика) се наоѓа на најниското ниво на енергија. Тоа практично значи, ако јадеме доцна во текот на ноќта, храната лошо се апсорбира во тенкото црево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top