| четврток, 6 декември 2018 |

Вулин: Мигрантите нема да можат да излезат од Унгарија

Мигрантите кои нема да успеат да ја преминат унгарската граница и да останат на ничија земја, ќе можат да се вратат во Србија и да престојуваат во прифатните центри, додека оние кои ќе преминат во Унгарија, нема да бидат прифатени во Србија, изјави српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин.

a-vulin-640x320

 

Вулин појасни дека оние имигранти кои ќе преминат во Унгарија и ќе бидат евидентирани во земјата, а потоа на сила вратени во Србија, нема да бидат прифатени, јави Танјуг. ­

– Ние никого на сила нема да задржуваме на наша територија и со самото тоа нема да дозволиме на ниту една земја на сила и без соодветна законска процедура и реадмисија било кого да врати на наша територија, рече Вулин.

Запрашан што ќе биде со тие мигранти, Вулин рече дека тоа повеќе нема да биде одговорност на Србија. Во Унгарија од полноќ ќе стапи во сила пакет амандмани со кои се заоструваат законите за заштита на границите и миграцијата, усвоен во Парламентот на 4 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top