Советот на министри за надворешни работи на земјите од Европската унија почна да подготвува список на безбедни земји, во кои мигрантите нема да добиваат статус на бегалци во ЕУ, пренесе МИА.
По синоќешната вонредна средба на шефовите на дипломатиите, луксембуршкото ротациско претседателство на Унијата соопшти дека ЕУ ќе формира заеднички список на безбедни земји. Подготвителната работа ќе заврши до крајот на октомври. На списокот на прво место ќе бидат вклучени сите земји кандидати за членство во ЕУ – земјите од Западен Балкан.
Миграциските служби на државите од ЕУ и сега имаат такви списоци, но тие се различни во одделни земји. По соствувањето на заедничкиот список ќе се поедностави процесот на сместување на нелегалните мигранти за да се одделат бегалците од регионите на војни и конфликти, кои ЕУ може да прифати, од економските мигранти, кои ќе бидат враќани во безбедните земји на потекло, посочува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)