| четврток, 6 декември 2018 |

Србија се закани: Нема враќање на бегалците

србија

Србија ќе ги прими назад оние луѓе кои се однесуваат на процесот на реадмисијата, но тоа не се однесува на најголемиот дел од бегалците кои илегално преминале од Србија во Унгарија. Ова вечерва го изјави државниот секретар во Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања Ненад Иванишевиќ.

-Ние никого нема да примиме. Се знае што е реадмисија. И според реадмисија ќе ги примаме само тие луѓе кои со овој процес се опфатени. Сите што преминаа во Унгарија, нема да ги примаме назад, ако треба и по цена Србија војска да  испрати на границата. Нема да го прифатиме тој број на луѓе кои се враќаат од Унгарија. Тоа од денеска е наш став, и би било добро сите да го знаат, рече Иванишевиќ.

Тој прецизираше дека спогодбата за реадмисија јасно прецизира како тоа се спроведува по меѓународното право.
-Се врши со утврдување на потеклото на земјата од каде пристигнале и пред се земјата чии државјанства имаат. Значи, доколку сакаат да ги вратат бегалците, ќе мора да ги вратат во Грција. Тоа е првата земја на влез во Европската Унија, рече тој.

Прашан како Србија ќе спречи враќање на бегалците, Иванишевиќ рече дека ако треба, државата ќе ги преземе сите мерки тоа што треба да ги преземе.
Унгарија од вечерва е целосно блокирана на границата со Србија со намера да спречи влез на бегалците на нејзината територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top