| четврток, 6 декември 2018 |

Сирискиот амбасадор во Москва демантира дека има присуство на руски трупи во Сирија

трупи

Тврдењата за присуство на руски војници во Сирија се „лага“, изјави сирискиот амбасадор во Москва, Риад Хадад.

– Ние соработуваме со Русија 30-40 години во различни области, вклучувајќи ја и воената. Да, добиваме оружје и воена техника, но тоа е согласно договорите меѓу двете земји – истакна Хадад.

Сепак сирискиот дипломат истакна дека „тврдењата за присуство на руски војници на сириска територија се лага, проширена од САД и западните земји“.

Изјавата на Хадад уследи откако западни медиуми, повикувајќи се на неименувани американски официјални претставници, објавија дека Русија распоредила седум тенкови во сириската воздухопловна база во близина градот Латакија, кој важи за упориште на силите лојални на претседателот Башар ел Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top