| четврток, 6 декември 2018 |

Нов оглас за вработување професионални војници во АРМ

војници

Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните дека е објавен јавен оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија.

Како што денеска соопшти МЈО, идните потенцијални професионални војници за да станат дел од АРМ ќе треба да ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас.

– Министерството за одбрана упатува повик до сите граѓани не постари од 25 години до денот на завршување на огласот, кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија да ја искористат можноста и да бидат дел од Армијата на Република Македонија, се наведува во соопштението од МО.

Во соопштението се потсетува дека неодамна во редовите на АРМ беа примени 125 професионални војници, а со завршувањето на оваа фаза на прием која започна деновиве, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top