Поранешниот словенечки претседател Данило Турк смета дека европските спорови за квотите за мигранти и бегалци се контрапродуктивни и предлага да бидат формирани големи собирни центри, кои ќе се финансираат од земјите-членки на ЕУ додека да се договорат натамошните дејствија.- Во тие центри ќе се анализира кои се луѓето кои пристигнале во Европа, односно кој е бегалец, а кој не е, како и кој може да добие азил, а кој ќе биде вратен во својата земја – објасни Турк, кој ја има поддршката на словенечката Влада како еден од кандидатите за иден генерален секретар на ОН.Според него, ваквите центри ќе ја чинат ЕУ најмногу една милијарда евра, додека разгледувањето на задолжителните квоти за распределување на бегалците и мигрантите е „погрешно и контрапродуктивно“, бидејќи ги разединува земјите-членки и не дозволува усвојување на заедничка европска миграциска политика.
– Вистинското решение за бегалскиот проблем е прекин на војните и репатрирање на мнозинството или на голем дел од бегалците – истакна Турк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.