Невладини организации финансирани од Сорос очигледно реализираат ПР стратегија за да се наметне слика во јавноста дека трошењето на државната каса е нетранспарентно. Минатата недела излезе анкета на граѓанската организација Меѓународно буџетско партнерство, во која Македонија беше пониско рангирана од сите земји од регионот за буџетската транспарентност.
Анкетата спроведена од оваа организација е всушност прашалник од 140 прашања, како што се наведува на нивната веб-страница (internationalbudget.org), кој го одговараат невладини организации од секоја земја. Случајно или не, три од четирите невладини организации кои го одговарале прашалникот во Македонија се финансирани или во минатото биле поддржани од Сорос. Станува збор за Центарот за економски анализи, ЕСЕ – Асоцијација за еманципација и солидарност на жените и ЦРПМ.
Освен непристрасноста, прашање е стручноста на овие организации дали можат да покријат истражување од овој тип. На пример, претседателот на ЦЕА, Марјан Николов по струка е преведувач, кој по неуспехот во оваа дејност, станал економски аналитичар. Неговиот Центар во 2012 е поддржан Фондацијата отворено општество по што станува жесток критичар на владините политики. И останатите невладини немаат економисти кои би можеле да дадат релевантни податоци за планирањето и извршувањето на буџетот, туку се составени од правници, психолози и политиколози.
Инаку, овој извештај излезе непосредно по предлогот на СДСМ во Собранието за измени во законот за буџет во делот на објавување на податоците. Имено СДСМ побараа да се објавуваат јавно сите трансакции кои ќе се направат од буџетот. Експертската јавност тогаш го оцени ова барање како нереално, бидејќи дневно се прават илјадници трансакции.
Извршувањето на буџетот, односно сите приходи и расходи досега се објавуваат од ресорното Министерство на месечна основа, а на крајот од буџетската година до Собранието се поднесува завршна сметка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст