| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во посета на идната фабрика „Кондево“ во Штип

Во Tехнолошко индустриска развојна зона – Штип денеска ќе почне изградба на фабрика на италијанската компанија  „Кондево“, инвестиција, според најавите, од над 40 милиони евра  со  250 нови работни места.

На почетокот на градежните работи е најавено присуство на премиереот Никола Груевски, кој во март годинава ја најави инвестицијата на „Кондево“ во Штип.

Италијанската компанијата „Кондево“ е лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top