| четврток, 6 декември 2018 |

Калиниќ, Ецег и Радуљица „киднапирани“ и почестени со кафе од таксист во Лион

Српската репрезентација игра феноменално на Евробаскетот и реди само победи, а кошаркарите се веќе препознатливи ликови и во Лил, каде се игра завршницата.

Интересна случка доживеаја Никола Калиниќ, Зоран Ерцег и Мирослав Радуљица. Шетајќи низ Лион во слободното време, триото репрезентативци на Србија повикале такси за да се вратат до Лил. Таксистот бил тунижанец и инсистирал познатите асови прво да појдат дома кај него на кафе, а потоа да ги однесе до Лил. На радост на многубројното семејство на таксистот Калиниќ, Ерцег и Радуљица ја прифатиле поканата, а на шега на социјалните мрежи објавија дека биле киднапирани на кафе.

Убав гест на познатите кошаркари, што само ја дополнува впечатливата слика на српските кошаркари, кои пленат на Евробаскетот и со игрите и со односот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top