Две сообраќајки се случија утрово една по друга на улицата „Ѓорче Петров“ кај мостот Сарај.
Првата во 9.20 часот се случила по судир на автомобил со тетовски регистарски таблички и камион со скопски, за само 10 минути подоцна, на истото место да се случи уште една незгода. Најверојатно пробувајќи да се пробие во гужвата, која настана поради сообраќајката, автомобил „пежо“ со скопски регистарски таблички се удри во охридски камион.
Според СВР Скопје и двете сообраќајки поминаа без повредени лица со причинета материјална штета.
На местото е извршен увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



