Филмот на Иво Трајков, „Медена ноќ“, е избран за македонски кандидат за престижната награда „Оскар“ , соопшти Друштвото на филмски професионалци на Македонија.
„Комисијата за овогодишен македонски кандидат на 88. издание за наградата „Оскар“ на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за филмови од неанглиско говорно подрачје едногласно го избра единствениот пријавен филм „Медена Ноќ“ на режисерот Иво Трајков. Ова е филм кој ги задоволува естетско-продукциските стандарди и вредности, кој во еден познат филмски израз следи две наративни линии од животот на главниот лик, едната во приватниот, а другата во професионалниот живот, карактеристични за општествените збиднувања и политичките сканадали како реалност во која живееме изминативе години од нашето осамостојување“, пишува во соопштението на ДФПМ.
Членови на комисијата се Бранко Петровски, Даријан Пејовски, Емил Рубен, Владимир Самоиловски, Антонио Митриќески, Емилија Ивановска Атанасовка и Ѓорѓи Клинчаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст