Романскиот премиер Виктор Понта тврди дека Романија „не може да преземе нешто за кое не е подготвена“ и дека оние што сега бараат Романците да бидат солидарни во бегалската криза „се истите оние што ни кажуваат дека не сме добри за Шенген“, соопштија романските медиуми.
„Романија има координирана позиција во врска со бегалската криза, но тоа не е обичен проблем. Продолжуваме да го разгледуваме, но ако зборуваме со многу гласови, тогаш тој ќе биде толку полош. Важно е нашата земја да не западне во ксенофобија. Романија сака да биде европска земја – да применува некои европски вредности. Не можеме да преземеме нешто за кое не сме подготвени. Ја немаме оваа можност. Но позицијата на Романија не се формира со шенгенското прашање. Оние што од нас сега бараат да бидеме солидарни се истите оние што ни велат дека не сме добри за Шенген. Тоа е малку лицемерно“, напиша романскиот премиер Виктор Понта во текот на викендот на својот профил на „Фејсбук“.
Европската комисија минатата недела го претстави својот прелог-план за раселување на 120.000емигранти во земјите членки на ЕУ, кои пристигнаа во Италија (15.600), Грција (50.400) и Унгарија (54.000).
Според предлог-планот, Романија треба да прими 4.646 мигранти, од кои 604 од Италија, 1.951 од Грција и 2.091 од Унгарија. Тие се придодаваат кон оние 40.000 мигранти од Грција и Италија кои во мај беа предложени од Европската комисија. Во мај ЕК ѝ предложи на Романија да прими 1.705 мигранти, од кои 682 лица од Грција и 1.023 од Италија.
Романскиот претседател Клаус Јоханис и премиерот Виктор Понта изјавија дека Романија не може да прифати повеќе од својот капацитет од 1.785 места. Неделава ќе има седница на Врховниот совет за национална одбрана, на која ќе се разгкеда ситуацијата со бегалските квоти.
Шефот на државата минатата недела изјави дека со незадоволство се запознал со планот претставен од ЕК, и дека мандатот на Романија на Советот на ЕУ за правосудство и за внатрешни работи ќе биде да не прима задолжителни квоти бегалци.
Според Јоханис, тоа не е умесно и не е решение. Тој рече дека прашањето го разгледал заедно со министерот за внатрешни работи, Габриел Опра, кој ќе учествува на денешната средба во Брисел, а неговиот мандат е да соопшти дека Романија не се согласува со задолжителните квоти.
Според Клаус Јоханис, задолжителните квоти се „пресметани на многу бирократски начин“, без консултации и нема да го решат проблемот со миграциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст