„Свис мјузик дејс“ 2015 е второто издание на фестивалот посветен на современата истражувачка и иновативна музика која ќе поттикне звучна размена помеѓу уметници од Швајцарија, земјите од поранешна Југославија и Албанија. Во текот на фестивалот ќе бидат претставени серија концерти и работилници кои се движат од џез до авангарда, вклучувајќи и многу премиери, кои ќе се случат во повеќе градови низ регионот од Љубљана преку Скопје до Тирана.
Во секој град програмата на овој патувачки фестивал е различна, а во Скопје, покрај артистите од Швајцарија и Словенија, „Дуо Томажин/Кочер“, ќе се претстават и артисти од Србија, Грција и Македонија, како Лука Ивановиќ, „Трио Евентлес Плот“ и „Амплидун Ефект“.
Настанот ќе се одржи на 17 септември во Автономниот културно-социјален центар, со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст