| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасада на Србија: Нема назнаки дека некој Србин е киднапиран во Либија

Амбасадата на Србија во Либија, после интензивното проверување на веста дека во таа земја е киднапиран еден српски лекар, не доби никакви назнаки дека такво нешто се случило, изјави за Танјуг, амбасадор на Србија во Триполи, Оливер Потежица. ­

libija

– После веста дека во Либија бил киднапиран лекар од Србија, Амбасадата добила податоци дека станува збор за максилофацијален хирург и веднаш презела интензивни чекори напроверка на тие информации, но се утврдило дека нема знаци дека некој лекар во Триполи е киднапиран, рече Потежица. ­

Подоцна се појави друга информација, дека наводно е киднапиран некој наш лекар во близина на болница во место 50 километри југозападно од Триполи.

– Презедовме чекори и тоа да го провериме ­ нема ниту еден, според нашите информации, српски работник кој работи во таа болница, а според информациите од медицинскиот персонал од истата болница, нашиот последен работник кој работел во неа си заминал пред два месеци, додадоа од Амбасадата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top