Вкупно 1.429 илегални емигранти се спасени во 58 акции за барање и спасување, спроведени во источниот дел на Егејското Mоре во последните три дена, соопшти денеска грчката крајбрежна стража.
Инцидентите се случиле во близина на островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Кос, Сими и Родос.
Во меѓувреме, денеска продолжува операцијата за проноѓење на исчезнатите емигранти по превртувањето на дрвен чамец во кој имало непознат број луѓе, во близина на островот Фармакониси. Во несреќата се удавија 34 луѓе, меѓу кои четири бебиња, 11 деца, 10 жени и девет мажи, додека 99 лица се спасени.
Единицита за подводни мисии денеска ќе спроведе уште една акција за пронаоѓање на емигранти кои можеби сѐ уште се во вода.
Преживеаните од несреќата се наоѓаат на островот Лерос, додека телата на починатите ќе бидат пренесени на Родос со грчки воен брод. Потрагата продолжува поради тоа што преживеаните не биле во можност да потврдат колку луѓе имало на чамецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти