Модна ревија на шапки кои беа продадени во хуманитарни цели се одржа на хиподромот во Радишани паралелно со 4. коло на Државното првенство во прескокнување пречки на Македонија.
Шапките беа од свежо сезонско цвеќе, а ги креираше Јагода Пачемска од студиото „ФА-БУ“, која дебитираше на единаесеттото издание на Моден викенд Скопје со уникатни фустани од свежо цвеќе .
По завршувањето на натпреварите шапките беа на продажба а собраните средства се наменети за купување на коњ за хипотерапија и обука за остручување на хипотерапевти со цел да се помогне во рехабилитацијата и ревитализацијата на деца со посебни потреби во Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“.
На настанот присуствуваа Васил Тупурковски-претседател на Македонски олимписки комитет, Марјан Спасески- директор на Агенцијата за млади и спорт, Роберт Мандиќ- претседател на Федерацијата на коњички спортови, Ребека Јанковска Ристески -председател на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ,,Дајте ни крилја”, Нора Шабани- директор на канцаларијата на УНИЦЕФ во Македонија и многубројни претставници на бизнис секторот во Македонија.
Во организација на коњичкиот клуб „Дона“ , пред околу 150 посетители, се натпреваруваа шест домашни и по еден коњички клуб од Србија и Бугарија во прескокнување на пречки , во категории прескокнување пречки во висина од 80см.за дебитанти ,до – висина до 1.20см со растечки потешкотии со џокер. Првите две места ги освоија Дарио Милески и Зоран Шапкалиевски од КК „Дона“ а третото место го однесе Гроздановски Дарио од КК „Анималс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст